Произведен првиот кинески патнички авион

Кинескиот патнички авион го произведе државниот COMAC

 |  инфодеск  | 

Првиот патнички авион во Кина излезе денес од монтажната лента во Шангај по седум години развој и неколку одложувања.

C919, авионот кој го произведе државниот индустриски авио конзорциоум COMAC, има 158 седишта и стандарден домет на летање од 4.075 километри.

Авионот прв пат ќе полета идната година, а потоа уште три години ќе има пробни летови пред да биде спремен за комерцијална употреба, известила официјалната новинска агенција Xinhua.

За ова летало С919 веќе има 517 нарачки од 21 клиент, соопштил COMAC, а пренесува Xinhua.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top