Продажбата на WhatsApp под истрага

Загрозеност на приватноста на корисниците

 |  инфодеск  | 

The Electronic Privacy Information Center (EPIC) и Center For Digital Democracy бараат од федералната трговска комисија (FTC) да спроведат истрага за продажбата на WhatsApp.

Тие бараат ако треба продажбата и да се стопира.

Главна причина зошто FTC би требало да ја истражи продажбата е загрозеноста на приватноста на корисниците.

Познато е дека добар дел од финансискиот колач  Фејсбук отстварува преку реклами, но  исто така е познато дека WhatsApp до сега ништо не прикажувал внатре во апликацијата а уште повеќе гарантирал дека нема да објавува лични податоци на корисниците со цел рекламирање.

Овие две организации исто така предлагаат, доколку FTC не ја стопира продажбата на WhatsApp, неговите корисници да се иземат од собирање на податоци кој ги врши Фејсбук.

По ова прашање, од Фејсбук кратко соопштиле дека купувањето нема да влијае на досегашната приватност на корисниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top