Продавал пецива, а денес заработува милиони

Снима шеговити видеозаписи и ги објавува на YouTube

 |  инфодеск  | 

Факултетското образование на младиот Швеѓанец Felix Kjellberg не траело долго – наместо на предавања поголем дел од времето го поминувал на компјутер, играјќи игри и снимајќи видеозаписи на своите (смешни) коментари на тие игри. Откако го напуштил факултетот и размислувал како понатаму во животот, Kjellberg продавал пецива и хот-дог, но истовремено продолжил да ги снима видеозаписите на своите коментари (и глупирања) кои во 2009 година почнал да ги објавува на својот канал на YouTube.

Прво ги објавувал како PewDie, но кога ја загубил лозинката отворил нов канал и оттогаш неговото интернетско име е PewDiePie. Причината за неговиот успех е за многумина несфатлива, но со тек на време тој стекнал права армија на обожаватели (неговиот профил на YouTube има повеќе од 27 милиони претплатници кои неговите видеозаписи ги имаат прегледано скоро 5 милијарди пати) кои уживаат во видеозаписите во кои игра игри и ги коментира на специфичен начин – буквално прави она што ќе му падне на памет и вика, пцуе, пее…

Иако има огромна популарност како PewDiePie, тој нема време за медиуми и интервјуа, но неодамна се сложил да поразговара со новинарите на Wall Street Journal кои го претставиле на пошироката јавност како една од најголемите ѕвезди на YouTube. Тој им рекол дека цело време се опушта и забавува, а екипата од весникот додава дека, при тоа тој заработува и огромни суми на пари – околу 4 милиони долари годишно од реклами, од што поголемиот дел е чист профит.

Со вакво однесување тој не би можел да успее во традиционалните медиуми, но затоа интернетот ги обожува лицата кои имаат единствен карактер каков што има овој Швеѓанец, кој многу негови пријатели го гледаат со часови како игра и коментира.

Она што е посебно интересно е дека Felix почнал наголемо да влијае, потполно несвесно, на пазарот на видео-игри, бидејќи игрите кои тој ги игра стануваат популарни меѓу милионите корисници, а некои сметаат дека популарноста на Flappy Bird е негова заслуга, бидејќи искоментирал “Немојте да ја играте оваа игра”.

Голем број на луѓе кога ќе ги погледне видеозаписите на Felix и понатаму не им е јасно како ова момче станало толку популарно, но без оглед на причините тој и понатаму залудува милиони виртуелни пријатели кои уживаат на неговиот канал, а тој ужива и се забавува а при тоа врти милиони долари.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top