Се продава пристаништето во Солун

Пристаништето во Солун на мета на цел свет

 |  инфодеск  | 

Осум компании од целиот свет покажале интересирање за купување на мнозинскиот пакет акции од капиталот на јавното претпријатие Солунско пристаниште.

Како што објавила во четвртокот Агенцијата за приватизација (HRAF), на таа листа се германскиот Equity Investment Partners, јапонскиот Mitsui&co., холандската APM Terminals, и  филипинската International container terminal services.

Во трката се и холдингот Duferco participation holding limited од Луксембург, руската железничка компанија DD, лондонската компанија P&O и турскиот холдинг Yilport Holding.

Агенцијата соопштила и дека прифатила кандидирање на пет од шест компании кои пред еден месец покажале интересирање за купување на 67% од акцискиот капитал на јавното претпријатие Пристаниште Пиреј, најголемото грчко пристаниште кај Атина.

Тоа се кинескиот гигант Cosco, холандската APM Terminals, филипинската International container terminal services, американската Ports America и Utilico Emerging markets компанија регистрирана на Бермудите, се наведува во соопштението на агенцијата.

Агенцијата исто така најавила дека до јули ќе бидат објавени тендери за продажба уште на четири туристички пристаништа, вклучувајќи ги оние на островите Идра и Порос во близина на Атина.

Грција е под постојан притисок на ММф, ECB и Европската комисија да стартува со приватизција која е во голем застој, а се очекува приватизацијата до 2016 година да и донесе на земјата околу 9,5 милијарди евра. За оваа година Грција како цел поставила од приватизацијата да има приход од 3,5 милијарди евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top