Пристигнуваат три нови телефони Xperia со одлични камери

Камерите го имаат најбрзиот автофокус на светот

 |  инфодеск  | 

Оваа недела во Берлин започнува големиот саем за потрошувачка електроника IFA на кој бројни технолошки компании ќе ги претстават своите нови уреди како паметни тлефони, таблети, часовници и слично. Плановите на Sony за овој саем веќе протекоа и на неофицијалниот блог на Xperia и се објавени информации и фотографии на телефоните кои оваа компанија ќе ги претстави.

Се чини дека Sony со тактиката да претстави три нови уреди има намера да ја покрие потребата на денешните корисници па така Compact model ќе биде со помали димензии и ќе биде наменет за корисници на кои 5 инчи им се многу големи, потоа класичен смартфон и фаблет.

Спрема XperiaBlog, Xperia Z5 Compact ќе има екран со дијагонала од 4,6 инчи, резолуција 720х1280 пиксели, класичната Xperia Z5 ќе има 5,2 инчен екран со FullHD резолуција, додека Xperia Z5 Premium ќе има дијагонала на екранот од 5,5 инчи со резолуција 1440х2560 пиксели.

Овие телефони би требало да се разликуваат по големина и дијагонала, односно резолуцијата на екранот, додека хардверот би требало да биде сличен дури и ист – Qualcomm Snapdragon 810 процесор, 3GB RAM и 32GB меморија, а се чини посебно интересна ќе биде камерата. Станува збор за камера со 23 МР сензор и 5х Clear Image зум кој би требало да го има најбрзиот автофокус на светот, а инженерите на Sony додатно го оптимизирале и софтверот за да снимените фотографии бидат поквалитетни. Од предната страна ќе има 8 МР камера, а како што е веќе пракса сите модели на Sony ќе бидат водоотпорни и отпорни на прав.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top