Приказна на преживеаната жена во терористичкиот напад

“Не се плаши, смири се. Нема да те убијам…”

 |  инфодеск  | 

Преживеаната во терористичкиот напад на редакцијата на весникот Charlie Hebdo раскажува за “големите, нежни и вознемирени црни очи” на еден од двајцата браќа Kouachi, кој ѝ го поштедил животот.

“Не се плаши, смири се. Нема да те убијам. Ти си жена а ние не убиваме жени, рекол еден од напаѓачите кој бил под маска, неколку секунди откако неговиот брат уби деветмина нејзини колеги, вклучувајќи и една колешка, пренесува Independent.

Sigolene Vinson (40) рекла дека животот ѝ го поштедил постариот од двајцата браќа. “Имаше големи црни очи, благ поглед и на момент почувствував дека нешто го мачи”, рекла Vinson. Тој уште ѝ рекол дека ”…затоа што ти го поштедив животот, мораш да го читаш Куранот”.

Vinson е поранешна актерка и адвокат, моментално новелистка и коментаторка за правни работи во Charlie Hebdo.

Се присетила на атмосферата во редакцијата за време на уредничкиот колегиум пред самиот упад на напаѓачите. Било сѐ во новогодишна атмосфера, јадење на торта и колачи и невкусни шеги за орален секс. Во еден момент се отвори вратата од канцеларијата и упадна маскиран маж и извикал “Allahu Akbar”( бог е најголем) и со викање “Каде е Charb?” (главниот уредник на весникот кој е убиен во напад).

Таа слушнала чекори од еден од напаѓачите и се нашла очи во очи со него. “Додека зборувал, таа само климала со главата, за да го задржи контактот со неговите очи бидејќи Jan Luc (графички уметник кој го преживеал нападот) лежел и се криел под масата веднаш до неа. Убиецот не го видел него. “Добро разбрав, рекла Vinson, дека ако не е спремен да убива жени тогаш е спремен да убива мажи”. Ако погледот на било кој начин одлутал спрема колегата, бројот на жртвите би бил поголем.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top