Пет причини зошто е добро да се грицкаат кикирики

Нутриционистите и понатаму препорачуваат повремена конзумација

 |  инфодеск  | 

Кикириките се права енергетска бомба преполна со калории, но нутриционистите и понатаму препорачуваат нејзина повремена конзумација. Тие припаѓаат во фамилијата на мешункасти растенија а богати се со витамини и минерали кои му годат на здравјето.

Го намалува холестеролот – Непржените кикирики, односно оние во лушпа, немаат индустриски додадени маснотии и соли па станува збор за здрава намирница со бројни нутритивни својства. Кикириките се богати со здрави маснотии кои го намалуваат холестеролот, го штитат срцето и крвотокот.

Го урамннотежува шеќерот – Една студија покажала дека внесувањето на кикирики или путер од овие плодови во организмот може да направи рамнотежа на нивото на шеќерот во крвта и така да го спречи развојот на дијабетисот од тип 2.

Помага при слабеење – Кикириките се една од најпопуларните грицкалки. Ги краси богат вкус кој е многу заситен, а со тоа и добар сојузник во слабеењето. Кога ќе почуствувате глад помеѓу оброците, заборавете на чоколадо и чипс туку посегнете по кикириките.

Поттикнува помнење –  Овие грицкалки се одлична храна за мозокот бидејќи содржат витамин В3 кој ја поттикнува работата на целиот орган и памтењето.

Богатство со нутриенти – Дозревањето на плодот во заштитната лушпа овозможува кикириките да содржат многу хранливи материи, вклучувајќи и важни минерали како што се цинкот и железото што пак допринесуваат за здравјето на целиот организам.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top