Превземањето на Sharp влезе во историјата

Тајванскиот Foxxcon стана прв странски сопственик на јапонска компанија

 |  инфодеск  | 

Јапонската компанија во четвртокот соопшти дека ја прифаќа понудата тешка 4,3 милијарди долари со која тајванскиот Foxxcon превзема 65,9% од уделот, по купувањето на нивните акции по цена од 118 јени по акција. Тоа е за 32% пониска цена од пазарната, меѓутоа спрема тврдењата на упатените извори на Reuters, тајванскиот џин во електорниката вкупно треба да вложи 5,8 милијарди долари.

Со прифаќањето на понудата Foxxcon влегува во историјата како прв странски купец на некоја истакната јапонска компанија во областа на електорниката. Основачот и претседател на Foxxcon, Terry Gou, пет години се обидувал да дојде до превземање на Sharp, а последните месеци конкуренцијата му била во државниот фонд INCJ кој сакал Sharp да го спои со компанијата Japan Display. Меѓутоа, раководството на Sharp сепак се одлучило за Foxxcon.

Технолошките познавачи истакнуваат дека двете компании на заедничка глобална платформа ќе функционираат добро. “Sharp е силен во истражувањето и развојот додека Foxxcon го знае патот до пазарот, да го споменам само Apple. Заедно можат да одат глобално”, оценил професорот по технологија Yukihiko Nakata.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top