Претплатничкиот сервис на YouTube можно е да стартува оваа седмица

Официјалниот претплатнички видео сервис ќе чини околу 10 долари месечно

 |  инфодеск  | 

Веќе некое време од Google се очекува да го објави официјалното лансирање на претплатничкиот видео сервис за YouTube, a судејќи спрема најновите информации ова ќе се случи оваа седмица.

Премиум претплатничкиот модел кој ќе го нуди YouTube вклучува преглед на видео содржини ослободени од реклами, како и можност за превземање на видеа за offline преглед.

Кога е самата цена во прашање, се очекува месечниот износ за претплата на овој YouTube сервис да изнесува околу 10 долари.

Се очекува дека вака популарната цена ќе наведе голем број на луѓе за плаќање на претплата за да YouTube  ги ослободи корисниците од прегледите на видеа од понекогаш иритантните реклами.

Ако овие гласини се точни, повеќе детал ќе се дознаат во наредните неколку дена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top