Прети недостиг на чоколадо

Поголема потрошувачка, помалку производство

 |  инфодеск  | 

Во следните седум години заради поголема побарувачка, светот ќе остане без какао затоа што нема доволно производство и се помалку плантажи за какао.

Цената на какаото на почетокот од годината се зголемила за 9%, а дури 40% во последната година. Заради поголемата побарувачка која производителите не можат да ја задоволат, пренесува Фигаро.

“Побарувачката на чоколадо во светот непрестано расте поради непрестаниот раст на потрошувачи од земјите во развој. Производителите од цел свет настојуваат да призведат доволно какао како би се задоволила потребата на индустријата за чоколадо”, оценува весникот Вол Стрит Журнал.

Во текот на 2013 година, во светот за прв пат е потрошено повеќе од 4 милиони тони какао или 32% повеќе од пред 10 години.

Производителите немаат капацитет да ја задоволат побарувачката. Бербата на какао се одвива обично на мали и независни фарми, сместени во западна Африка а нивните сопственици немаат капацитет да вложуваат во унапредување на технологијата. На нови насади на дрва од какао им е потребно до 10 години за да ги родат првите плодови.

И климатското затоплување делува на загрозување на оваа култура, а експертите предвидуваат дека понатамошното затоплување исто така негативно ќе се одрази на какаото.

Се очекува побарувачката на Кина за какао до 2018 година да расте по 5% годишно.

“Цената на чоколадото, на база на какао, неизбежно ќе расте. Производителите, како Марс и Нестле, ќе мора да одлучат дали ќе ја зголемат цената на финалниот производ или ќе го намалат производството. Една од можностите е да се пронајде замена за какаото”, сметаат експертите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top