На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отварање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ.
Во Охрид и Отешево се одржува меѓународна конференција „Преспа форум за дијалог“
Учесници се највисоки политички претставници од САД, Европа и регионот. Главна тема на конференцијата е „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.
На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. На една од панел дискусијата, Никола Димитров, Македонскиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, кажа дека не знаеме што да очекуваме во оваа фаза по ставањето вето на Бугарија за отварање на преговорите за влез на Македонија и Албанија во ЕУ. Потсети на обврската на членките на ЕУ за почитување на Лисабонскиот договор за негување на различностите на земјите во унијата и постигнувањето на Преспанскиот договор.
„Сега се соочуваме со поинаков, нов предзивик. Овој предзивик се однесува на идентитетот и историјата. Граѓаните ме прашуваат дали да се биде членка на ЕУ значи дека може да малтретираат било кого или да убиете некого и да ве натераат да ги укинеме медиумските слободи.Ова звучи контрадикторно, но го користам примерот за да се осветли контрадикторната состојба и позиција во врска со Македонскиот јазик. Ние спогодбата со Грција ја потпишавме само затоа што Грција го призна правото на самопределување на нашиот народ. Прашањето на јазик е наше право, а не право на друга земја или меѓународна организација“, вели Димитров.
Тања Фајон, словенечката политичарка и член на Европскиот Парламент зборуваше за европските вредности и тоа како некои земји ги прекршуваат тие вердности. Како да ја задржиме довербата во регионот по она што се случува во демократијата, се прашува Фајон. Немам високи очекувања, но за Словенија која го презема претседателствувањето со ЕУ еден од приоритетите е проширувањето со земјите од Западен Балкан и тоа зависи од сите нас и од многу нешта.
„Во последните 15 години постојано зборуваме за истата тема. Тешко е денес да кажеме што да очекуваме. Да бидеме искрени регионот во лоша состојба, проширувањето е во лоша состојба и ЕУ е во лоша состојба. Не сакам да звучам песимистички, но сакам да ја споеделам фрустрацијата со луѓето од регионот што ја чувствуваат. Тажно е што Северна Македонија не може по 15 години да ги отвори преговорите“ обајснува Фајон.
Во големиот број на панел дискусии, учесниците дискутираа на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна. На Преспа форум дијалог во фокусот се три столба: Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателството со Бугарија и Договорот од Преспа.
На „Преспа форум дијалот“учествуваат над 300 политичари меѓу кои двајца претседатели на држави, Борут Пахор од Словенија и Мило Ѓукановиќ од Црна Гора; четворица премиери: Еди Рама од Албанија, Зоран Тегелтија од БиХ, Ана Брнабиќ од Србија, и Албин Курти од Косово; и осум министри за надворешни работи од: Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија. Од поранешни премиери присуствува Алексис Ципрас од Грција. Од САД и ЕУ присуствуваат: помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер; заменик-помошник секретарот во Бирото за европски и евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер; еврокомесарот Јоханес Хан; специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак; Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика; како и неколку пратеници од Европскиот парламент.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град