Комплетирана најголемата продажба на деценијата

Преполовена вредноста на компанијата

 |  инфодеск  | 

Големината на британската компанијата е преполовена во момент кога нејзиниот извршен директор Виторио Колао покренува нова стратегија на ширење на Водафон.

По продажбата на 45% од сопственоста на најголемиот американски оператор за мобилна телефонија Верајзон, Водафон ќе исплати 82,5 милијарди долари на акционерите и ќе ги консолидира своите акции, со што пазарната вредност на компанијата од следната недела ќе биде смалена на околу 60 милијарди фунти (100 милијарди евра).

Претходно вредноста на Водафон е проценета на 116 милијарди фунти. Со ова, компанијата ќе падне од второ на четврто место на листата најголеми комуникациски компании по пазарна вредност, зад Чајна мобајл, АТ&T, и Верајзон, покажуваат податоците на Блумберг.

Колао својот мандат на чело на Водафон го посветил на повлекување на компанијата од заеднички проекти и партнерства во кои немал контролиран удел. Сега мора да пронајде начин за повторно воздигнување на компанијата која бележи смалувања на приходите на водечките европски пазари.

“Следните месеци ќе бидат тешки. Водафон продолжува да ја губи улогата на важни пазари, и тоа забрзано, бидејќи е соочен со конкуренција на помали играчи кои нудат пониски цени”, наведува аналитичарот на лондонската банка Макари Гај Педи.

Продажбата на акциите на  Верајзон, ќе му помогне на Водафон да ги отплати долговите и да финансира во нови инвестиции кои се проценуваат на 7 милијарди фунти до март 2016 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top