Се преиспитува нова теорија за исчезнатиот авион

Нова теорија, пилот самоубиец

 |  инфодеск  | 

Властите преиспитуваат нова теорија на исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, дека пилотот е можно да извршил самоубиство, соопштил Џон Бренан, шефот на Централната разузнувачка служба на САД (CIA).

“Мислам дека не можеме да отфрлиме ниедна претпоставка”, рекол тој,одговарајќи на прашањето дали е можно дека пилотот намерно го срушил авионот Боинг 777.

Во меѓувреме Малезиската полиција соопштила дека ги испитува психолошките профили на сите 239 патници и членови на екипажот на авионот, кој во саботата исчезна од радарите.

Теоријата за самоубиство би можела да објасни како авионот исчезнал од радарите кои го следат неговото движење. Пилотот непосредно пред исчезнувањето едноставно би можел да го исклучи транспондерот (уредот за пренос на електронски сигнали).

Бренан не ја исклучува и можноста од терористички напад.

“Мислам дека моментално има многу шпекулации кои воопшто не се потврдени ниту поткрепени со докази”, рекол тој додавајќи дека на многу прашања засега нема одговор како и за тоа зошто транспондерот од авионот престанал да емитува сигнали и каква улога имале патниците со украдените пасоши.

“Во овој момент мораме да покажеме трпение и да сочекаме објавување на истрагата”, рекол Бренан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top