Нови предупредувања дека на интернетот му се заканува колапс

Зголемено е оптеретувањето на комуникациската инфраструктура

 |  инфодеск  | 

Имајќи во предвид дека не успева да држи чекор со нашата бескрајна потреба за сѐ поголема потреба за побрз пренос на информации, интернетот полека, но сигурно, е близу до исполнување на сите свои капацитети, предупредуваат научниците.
Поради тоа минатиот месец на состанок во Лондонското кралско друштво, се повикани водечките инженери, физичари и телекомуникациски компании за да се обидат да утврдат како би го решиле овој проблем.
“Развојот на технологијата, како интернет телевизијата, стриминг сервисите и сѐ повеќе моќни компјутери значително го зголеми оптеретувањето на комуникациската инфраструктура. Каблите и оптичките влакна кои праќаат информации кон нашите компјутери, паметни телефони и таблети својот лимит ќе го достигнат во наредните осум години. Брзината на интернетот во последното десетлетие е зголемена за 50 пати, а оптичките кабли го достигнаа својот максимум на физички капацитет и не можат да спроведуваат повеќе од она што го чинат во моментот”, изјавил за Daily Mail, Andrew Ellis, професор на Универзитетот во Бирмингем.
Интернет компаниите секогаш имаат можност за поставување на додатни кабли, но оваа метода е поприлично скапа, т.е. цената е двојно поголема. Она што, исто така, претставува проблем е и количината на струја потребна за пренос на податоци. Имено, колку што е интернетот побрз, потребна е поголема енергија.
“Интернетот само за пренос на податоци троши иста количина на енергија како авиоиндустријата, што изнесува 2% потрошена енергија во развиените земји. Ако на тоа се додаде електричната енергија која ја трошат електронските уреди, процентот расте до 8%”, додава Ellis.
Поставувањето на нови кабли би значело дека без енергија би можеле да останеме во рок од 15 години.
“Поради тоа потребно е за овој проблем да се расправа сега, односно да се утврди што може да се направи за да спречиме идна криза и да се освестиме што може да се случи ако во иднина не превземеме нешто по тоа прашање”, заклучил професорот Ellis.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top