Малку познати факти за патиките “старки”

Тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги носело

 |  инфодеск  | 

Со оглед на истражувањата кои покажале дека секоја 43-та секунда во светот се продава еден пар на “старки”, тешко дека постои лице кое барем еднаш не ги поседувало патиките од компанијата Converse, која е продадена на Nike во 2003 година. Тие се создадени за прв пат во 1917 година како кошаркарски патики, а со времето станаа заштитен знак на урбан тренд, па така денес ги носат сите од музичари до директори.

Еве некои малку познати факти за “старките” кои ги пишува refinedguy.com

Продадени се повеќе од 800 милиони пара до 2013 година. Дури 60% од американските граѓани во одреден период на својот живот поседувале “старки”.

Црно-бели до 1971 година. До почетокот на 70-тите “старките” биле црно-бели, а тогаш во Converse одлучиле да експериментираат со бои.

Производсвото во САД до 2001 година. За разлика од многу други All Star патиките долго се произведувале во САД. Фабриките се преместени во други земји дури во 2001 година, за да останат конкурентни на пазарот.

NBA. Последен пат “старки” се носеле во NBA во 1979 година. Иако имало подобри патики, Tree Rollins ги сакал своите “старки”.

Посилни од Nike. До 60-тите, околу 60% факултетски и професионални кошаркари носеле All Star и тогаш држеле 80% од пазарот на патики.

Активни во Втората светска војна. Како најпопуларни меѓу спортистите, не зачудува фактот дека американската војска ги носела како службени обувки за време на тренинзите.

Дупчиња за вентилација. Converse ги пробушил во 1932 година поради приговорите дека нозете премногу се потеле.

Наследник на Spalding. Првите и единствени кошаркарски патики ги произвела компанијата Spalding, денес позната по кошаркарски топки. Цената била 8 долари.

Основач е Chuck Taylor. “Старките” прв ги популаризирал кошаркарот Chuck Taylor, а во 1923 година се наречени по него, и така станал прв спортист кој под свое име заштитил некоја марка.

“Старки” во музиката. Кон крајот на 20 век, помеѓу другото, поради музичките групи Ramones, Nirvana и Green Day, “старките”станале неизоставен дел на панк-рок културата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top