Напаѓачот од трговскиот центар во Германија е 18-годишен Иранец од Минхен, изјави шефот на полицијта Hubertus Andrae на конференцијата за новинари, додавајќи дека мотивите за злосторството не се познати. Момчето по нападот изврши самоубиство.
Нема други осомничени за пукањето во кое загинаа девет лица, а најмалку 21 се повредени.
Нападот се случи во трговскиот центар Olympia околу 5 километри северозападно од Минхен.
Телото на напаѓачот е пронајдено на околку еден километар од трговскиот центар, а пронајден е и црвен ранец во близината на телото кој е истражуван дали во него имало експлозив, известила полицијата.Тие велат и дека напаѓачот не е им бил познат од претходно и дека не постојат никакви врски со терористички групи, но истрагата продолжува.
Спрема германските медиуми приведен е и таткото на напаѓачот, а во тек е претрес на семејната куќа.
Ова е трет терористички напад во Европа во само осум дена. Нападот во Минхен следеше по нападот во Ница во кој терорист, роден во Тунис, со камион уби 84 луѓе во францускиот град Ница и по нападот близу германскиот град Вирцбург во кој авганистански тинејџер повреди пет луѓе со секира во воз. Во двата случаи, напаѓачите биле инспирирани од Исламска држава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град