Исламските милитанти кој минатата недела во Париз убија 130 луѓе, поттикнувајќи нов бран на воздушни удари во Сирија и предизвикувајќи тревога во цел свет, за нападите најверојатно потрошиле само 7.000 евра, пишува британската агенција Reuters.
За разлика од Франција и Белгија кои веднаш објавија стапување на сила поголем степен за безбедност во вредност од една милијарда евра, осумте напаѓачи потрошиле релативно малку пари за смислената ликвидација на луѓе по париските улици.
За калашникови, муниција, самоубиствени елеци од домашна изработка, за изнајмување автомобили и станови тешко дека потрошиле повеќе од 7.000 евра, оценува Reuters.
Спрема пресметката на независното обвинителство за истрага за нападите на 11 септември 2001 година во Њујорк, терористите потрошиле помеѓу 400.000 и 500.000 долари за нападите во Њујорк и Вашингтон.
Според тоа, париските напади, во кои се убиени воглавно млади луѓе во ресторани, кафулиња, спортскиот стадион и концертната сала Bataclan, најверојатно чинеле помалку од 2% од трошоците за нападите на 11 септември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град