Пожарот во Канада проголта 20% од градот Fort McMurraay

Пожарот се претвори во најголемата природна катастрофа во историјата на Канада

 |  инфодеск  | 

Една петтина од куќите во канадскиот град Fort McMurray е уништена во големиот пожар кој веќе цела недела беснее во тој дел на Канада, изјавиле официјални извори од тој град за BBC.

Откако го посетил делот со пожари, пратеникот на локалниот парламент, David Yrdiga, рекол дека би можело да биде и полошо и ќе поминат години за градот да биде во можност повторно да профункционира нормално.

“Проценката е дека 20% од куќите изгореле но и дека поголемиот број се во ред, без никаква штета”, рекол Yurdiga, “тоа е многу подобро од она што се надевавме”, додал тој.

Повеќе од 100.000 жители на градот и околината мораа да ги напуштат домовите, а официјалните лица велат дека огнот за време на викендот сепак се ширел побавно од она што се предвидувало.

Пожарникарите ги држат под контрола клучните подрачја и огнот моментално гори на околу 1610 квадратни километри, што е помалку од претходните проценки.

“Со мала помош на мајката природа и промената на времето, и со комплетниот труд на пожарникарите успеавме да ја одржиме линијата во Fort McMurray”, рекол Chad Morrison од пожарникарската служба во покраината Alberta, енергетскиот центар на земјата.

Меѓутоа, веројатно ќе поминат месеци за огнот да биде ставен потполно под контрола. Официјалните лица порано најавија дека само обилен дожд може во потполност да го запре ширењето на пожарот, а во неделата е издадено предупредување за квалитетот на воздухот во покраината Saskatchewan и на жителите им е препорачано да ги затвораат прозорците и вратите.

Зсаега нема вести за загинати и повредени во пожарот, но две лица смртно страдале во сообраќајни несреќи при масовната евакуација на жителите.

Овој шумски пожар се претвори во најголемата природна катастрофа во историјата на Канада.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top