Еден блок во нуклераната електрана Indian Point недалеку од Њујорк е затворен поради дефект и пожар на трансформатор, а компанијата која управува со електраната тврди дека нема опасност а граѓаните и околината.
Електраната во Buchanan, град кој се наоѓа околу 65 км северно од Њујорк на источниот брег на реката Хадсон, е стабилна и нема опасност за граѓаните и вработените, соопштила Entergy Corp, компанија која управува со тој погон.
Неколкумина од околината на електраната јавиле дека слушнале експлозија и виделе чад над постројките, изјавил портпаролот на полицијата во државата Њујорк, додавајќи дека нема пријави дека некој во електраната е повреден.
CNN јави дека портпаролот на Indian Point рекол дека дошло до грешка на трансформаторот во делот кој не е нуклеарен и дека тоа го предизвикало пожарот. Автоматскиот систем за гасење го изгаснал пожарот, а реакторот автоматски се исклучил, дознава CNN.
Американската комисија за регулација на нуклеарки (NRC) овој случај го прогласи како “необична ситуација” и спаѓа во најмал ранг од вкупно четири кои постојат.
Класификацијата “необична ситуација” укажува на потенцијална безбедносна закана или можна деградација на нивото на безбедност во електраната, се наведува на интернет страницата на NCR. Тоа исто така значи дека нема испуштање на радиоактивен материјал кој би требало да е под надворешен надзор или реакција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град