Повлечени играчки од продажба

Откриено било дека содржат канцерогени материи повеќе од дозволеното

 |  инфодеск  | 

Најголемиот ланец на продавници за играчки во Велика Британија, The Entertainer, од продажба повлекол гумички за правење нараквици, ланчиња и други ситни играчки (loom band charms) бидејќи било откриено дека содржат канцерогени хемикалии.

Новинари на BBC организирале тестови на разнобојни гумички кои ги продава најголемиот ланец на продавници за играчки во Велика Британија, The Entertainer, и покажале дека содржат 40% фталат, пишува BBC.

“Фталатите доаѓаат во човечкиот организам со цицање и очигледно е дека во тие случаеви ситната гумена играчка е ризичен предмет”, заклучува Marion Wilson која го водела тестирањето.

Таа материја, спрема прописите на ЕУ, може да биде присутна најмногу 0,1%, и откако се објавени резултатите, The Entertainer веднаш ги повлекол производите.

“За нас сигурноста на децата е најголем приоритет и затоа од превентивни причини веднаш ги повлековме овие гумички од продажба, додека не ја направиме целосната истрага”, соопштиле од компанијата.

Фталатите се испарливи течности кои се додаваат на пластични полимери за подобрување на нивната подвижност. Се користат да се направи пластиката пофлексибилна, но имајќи во предвид дека се работи за познат карциноген, нивната употреба е строго контролирана.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top