Со заедничко соопштение постигнале спогодба за сите меѓусебни тужби поврзани за патенти и смартфон техологија, така што Apple и Motorola Mobility, која е во сопственост на Google, завршија една од најголемите технолошки војни.
Apple и производителот на мобилни телефони кој користи Android софтвер досега поднеле на десетици тужби за повреда на патенти, за да ги заштитат своите технологии.
Интересно е тоа што спогодбите не се однесуваат на тужбите на Apple против Samsung, но експертот за патенти Florian Muler вели дека и тие спорови наскоро би можеле да завршат.
Причина за тоа, објаснува Muler, е тоа што и двете страни се свесни дека не можат да победат.
Имено, најскапиот случај на недоразбирања помеѓу Apple и Motorola почнал во 2010 година.
Motorola го обвини Apple за повреда на повеќе патенти, вклучувајќи го и тој кој се однесува за функционирањето на мобилните телефони во 3G мрежата, додека Apple ја терети Motorola за повреда на патентот поврзан со дизајн.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град