Иако Samsung и понатаму доминира со мобилниот пазар, оваа компанија во последните неколку квартали западна во проблеми и забележаа намалувања во бројот на испорачани паметни телефони и намалувања во профитот во однос на минатата година. Освен зголемениот притисок на кинеските компании, како Xioaomi кој им зеде голем удел на пазарот на ефтини телефони, во оваа компанија не се премногу задоволни ниту со продажбата на еден од своите најдобри телефони Galaxy S5 и потполно им е јасно дека за да привлечат нови корисници ќе мораат да претстават иновации на пазарот. Една од тие иновации која беше најавена на форумот на инвеститори во Њујорк за Samsung, од страна на Lee Chang-hoon, е флексибилниот екран.
Samsung и LG веќе претставија телефони со закривен екран, а посебнио е интересен неодамна претставениот Galaxy Note Edge со закривен раб на екранот. Сепак, како што пренесуваат на Digital Trends, Samsung во иднина не сака да работи само на телефони кои се закривени на работ, туку во потполност да бидат флексибилни така што ќе можат да се преклопат и да зафаќаат помалку простор во џебот. Новинарите од Business Insider тие телефони ги споредиле со некогаш популарните преклопни телефони и напоменуваат дека со оваа технологија тие повторно би се вртиле во мода.
Јужнокорејската компанија првиот смартфон со флексибилен екран би требало да го претстави веќе следната година (ќе биде интересно да се види на кој начин екранот ќе биде флексибилен), а со напредокот на технологијата во иднина ќе може да се претстави првиот преклопен паметен телефон кој ќе има голем екран, но ќе можже да се преклопи па со димензиите ќе биде многу помал во однос на Galaxy Note4 или iPhone 6 Plus. Дотогаш ќе помине некое време бидејќи ќе море да се реши проблемот со виткањето на другите компоненти како што се батеријата или процесорот.
Сепак компаниите се одлучни да експериментираат сѐ повеќе со дизајнот што со сигурност нѐ очекува иднина која потполно ќе го смени изгледот на денешните паметни телефони.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град