Агенцијата за кредитни рејтинзи, Standard&Poor’s објави дека го намалила кредитниот рејтинг на џинот во сегментот онлајн тргување eBay, на ВВВ+, откако од својот систем ја одвои платформата за интернет плаќање PayPal.
“Намалениот рејтинг е само огледало на нашата ревизија на eBay, како резултат на издвојувањето на PayPal, кој отстварува приближно половина од вкупните приходи на eBay”, објави S&P во образложението за одлуката за намалување на рејтингот.
И други водечки светски агенции за рејтинзи Moody’s и Fitch исто така го намалија рејтингот на eBay за два степени, на Baa1 односно BBB.
По издвојувањето од eBay, акциите на PayPal Holdings скокнаа за 11%, а пазарната вредност на таа платформа за интернет плаќање се проценува на околу 52 милијарди долари.
PayPal е гигант на пазарот за онлајн плаќање, а само во 2014 година преку него се извршени 4 милијарди плаќања со вкупна вредност од околу 235 милијарди долари.
Станувајќи повторно самостоен, од PayPal се очекува да се здружи со останатите интернет страници за е-трговија и да се обиде да превземе пазари од новите компании како што се Stripe и Squere, но и од Apple кој минатата година ја претстави својата услуга за мобилно плаќање.
Одвојувањето за eBay ќе овозможи да се фокусира на своето е-тргување, кое е притиснато со проблеми.
Цените на акциите на eBay на берзите паднаа за 4,7% по одвојувањето, што значи дека пазарната цена му е околу 32 милијарди долари.
PayPal е основан во втората половина на 1990 година, а основачи беа капиталистот Peter Theil, извршниот директор на Tesla Motors Elon Musk и други партнери. На берзите излезе во 2002 година, а набрзо беше купен од eBay за 1,5 милијарди долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град