Членот на Европскиот Парламент Јелко Кацин вели дека има информации дека постои додатна документација, вон Србија, во врска со атентатот на Зоран Ѓинѓиќ.
Кацин не сакал да одговори на прашањата за таа документација, но рекол дека немал увид во неа и дека добил вистински информации дека таа постои.
Тоа би можело да се искористи ако биде подигната нова истрага, рекол Кацин во интрвју за новосадскиот „Dnevnik”, не наведувајќи детали за таа документација.
Тој рекол дека „тој одговор мора да го даде самата Србија поради себе а не заради тоа што ЕУ го бара од неа“.
Владеењето на правото, потсетува Кацин, е централен Копенхашки критериум за членство во ЕУ, и за да биде навистина вкоренето, мора да се расчисти со сите отворени прашања за работа на службите за безбедност и нивните врски со организираниот криминал и политичките структури.
„Сите овие елементи се застапени во атентатот на Ѓинѓиќ“, истакнува Кацин.
Тој додава дека му е мило што, по повод неговото барање за расветлување на политичката позадина на атентатот на Ѓинѓиќ е дел од европската агенда на Србија и , „имало позитивни реакции на српските политичари“.
„Особено охрабрува изјавата на министерот Никола Селаковиќ дека мора да се стави точка на тоа прашање засекогаш“, рекол Кацин.
Адвокатот на семејството Ѓинѓиќ, Рајко Даниловиќ, вели дека логично е таков настан да предизвика внимание на разузнувачките служби од Европа и светот.
„Логично е да има податоци кои се кријат во тие служби, а ако се достапни и кај нас тоа во голема мерка би ја олеснило нашата работа“, вели Даниловиќ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град