Постои начин како да го избегнете Facebook Messenger

Еве како да продолжите со “chat” и без messenger

 |  инфодеск  | 

Неодамна допишувањето од официјалната Facebook апликација е исфрлено, а голем број на луѓе се незадоволни со оваа промена и одбива да инсталира Messenger. Покрај ова,Facebook апликацијата, а и самиот Messenger, кој мораме да го инсталираме за да продолжиме со пишување пораки, уште повеќе ја троши батеријата и завзема простор од меморијата. Меѓутоа, за да пристапите до најпопуларната мрежа и без овие апликации, постои начин.

Секој смарт телефон има инсталиран интернет пребарувач. Сé што е потребно е да појдете на мобилната верзија на Facebook (m.facebook.com), и да се логирате со со своите податоци. На овој начин можете да продолжите да пишувате пораки и без messenger.

Овој начин на пристап има и некои предности во однос на инсталираната апликација. Предностите се дека батеријата на телефонот и меморијата се порастеретени во однос кога се користат апликациите на Facebook и Messenger.

За да ви биде на дофат мобилната верзија, предлагаме да ја ставите во фаворити, и да ставите shortcut на почетниот екран од телефонот. Доколку оваа идеја не ви се допаѓа, секогаш можете повторно да ги инсталирате апликациите на Facebook и Messenger.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top