Kаква е-пошта праќаат шефовите на големите компании

Карактеристика на големи лидери на компании

 |  инфодеск  | 

Е-поштата која ја пишуваат лидерите и шефовите на компаниите се состојат од само неколку реченици или е-пошта која ја праќа, на пример Џеф Безос, од само еден знак.

Една од карактеристиките на успешните луѓе и лидери на големи компании често пишуваат изнимно кратки мејлови од само неколку реченици или само од еден знак. Најдобри такви примери чии мејлови се кратки и јасни, на Huffington Post ги издвоиле Стив Џобс и Џеф Безос. Е-поштата на основачот на Ејпл била јавна и знаел да одговори на прашања од корисници од цел свет, а неговите одговори се состоеле од една до неколку реченици.

Јавна мејл адреса има и шефот на Амазон, Џеф Безос, кој е познат по тоа што на некои прашања од корисниците за одреден проблем, тој ист мејл го проследува до соодветна личност во Амазон и во него пишува само еден знак прашалник. Кога вработените на Амазон ќе добијат ваков мејл од Безос, тие реагираат како да добиле бомба која брзо може да експлодира, напишал Бред Стон во Безосовата биографија, затоа што јасно било дека тој прашалник претставува лутина на извршниот директор и помеѓу вработените настанува паника.

Вил Швелб кој заедно со Дејвид Шипли напишал книга на оваа тема, кажува дека со пишување на кратки мејлови се покажува почитување за времето која му ја одземаат на личноста на која му се праќа. Во денешно време поради големата употреба на паметните телефони на кои се чита поштата, исто така е пожелно пораките да се кратки за да не се врти премногу по екранот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top