Вдовицата на Роџер Родас, кој го возел поршето кога во автомобилот како сувозач загина и актерот Пол Вокер, го обвинила германскиот производител, тврдејќи дека за несреќата е виновен дефектот на споменатото возило.
Во обвинението, кое адвокатот на Кристина Родас го поднел во понеделникот во судот во Лос Анѓелес, се наведува дека дошло до дефект на системот за потпирање, поради кој задното тркало се завртело на левата страна.
Адвокатот во обвинението тврди дека Карера GT би требало да има подобар систем за безбедност, како што е заштитниот рол-бар кафез и сигурносен механизам кој би го спречил палењето на резервоарот. На тој начин, и покрај судирот, животот на патниците би можел да биде сочуван, пишува во обвинението.
Исто така се наведува дека во моментот на ударот Родас возел со брзина од 88 км/h иако во официјалниот извештај на полицијата се утврдила брзина помеѓу 128 и 150 км/h. Инаку, на тој дел од патот брзината е ограничена на 72 км/h.
Да потсетиме, во официјалниот извештај кој беше објавен по истрагата, наведено е дека единствена причина за несреќата била неприлагодена брзина и беа отфрлени сите шпекулации дека до несреќата дошло поради механички проблем на возилото.
Порше, кој помагал во истрагата, додал дека Карерата GT на Вокер била модифицирана во однос на фабричката верзија и дека не била одржувана според прописите, како и дека имала стари пневматици.
Компанијата по повод обвинението, издала соопштение во кое на фамилиите им изразува жалење поради смртта на Вокер и Родас, но и дека ги отфрла сите наводи во обвинението.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град