Значењето на поговорката “молчењето е злато” ја почувствувале на своја кожа сопружниците Снеј од Мајами кои една порака на Фејсбук ги чинела 80.000 долари.
Пораката чинела многу поради кршење на клаузулата за тајност на договор со работодавач.
Имено, Патрик Снеј на суд добил спор против својот работодавач кој го отпуштил од местото директор на училиште, и потоа склучил финансиски договор со тужениот за обештетување во кој било прецизирано дека “брачниот пар не смее на никого, вклучувајќи ја и нивната ќерка, да каже за содржината на договорот”, пренесува весникот Figaro.
Меѓутоа, договорот постанал неважечки бидејќи нивната ќерка Дијана, ученичка во истото училиште, се пофалила на Фејсбук со статус: “Мама и тато го добија процесот против Галвиер кој ќе го плати мојот летен одмор во Европа”.
Објавата ја виделе 1200 луѓе на Фејсбук, меѓу кои и децата на адвокатот на училиштето, кои го известиле Патрик Снеј дека е прекршена клаузулата за тајност на договорот за обештетување и со тоа договорот е поништен.
Договорот кој е потпишан 2011 година, предвидувал училиштето да му плати на Снеј 10.000 долари заостанати плати, 60.000 долари на адвокатите на Снеј и 80.000 долари отштета.
Патрик Снеј, кој моментално е директор во друга училишна установа, ќе одлучи дали ќе се жали на повисокиот Врховен суд на Флорида.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град