Благодарение на интернет пребарувачите како Google, денес во само неколку секунди можеме да дознаеме сѐ што нѐ интересира, додека во минатото за пронаоѓање на некои информации било потребно повеќедневно истражување по летературата и библиотеките.
Бројни се предностите на пребарувањето по Google, но како што покажало неодамнешното истражување помеѓу студентите на Yale, поради Google и интернет пребарувањето, границата помеѓу она што знаеме и она што мислиме дека знаеме станува сѐ потенка. Истражувањето на над повеќе од 1.000 студенти покажало дека лицата кои барале информации по пат на интернет пребарување верувале дека стекнале повеќе знаење од лицата кои информациите ги пребарувале на традиционален начин, односно со читање на книги и разговори со професорите.
Поради знаењата и информациите кои се достапни онлајн, луѓето се чувствуваат попаметни и имаат прилично неточно размислување за сопствената интелегенција, покажале резултатите на ова истражување на новинарите од The Telegraph. Таквото размислување доведува до зголемена самодоверба која пак може да биде опасна при донесување на важни одлуки – ова се однесува особено на политичарите и други луѓе каде носењето одлуки можат да имаат големи и опасни последици.
“Во случаите кога одлуките имаат тешки последици, потребно е да се разликува сопственото знаење од она на интернет”, рекол Matthew Fisher од Yale.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град