Водостојот на реките Купа и Корана ги преминаа прогнозираните висини и за двете реки е на сила вонредна состојба.
Штабот за заштита и спасување на Карловац заседава, се координира помошта за луѓето, а сите расположливи средства и луѓе се на терен.
Медиумите јавуваат дека најмалку 300 куќи се под вода, и како што неофицијално се дознава поплавата се заканува на уште стотина куќи.
Градоначалникот на Карловац, Дамир Јелиќ, по седницата на штабот за заштита и спасување ги критикувал прогнозите кои ги даваат државните институции задолжени за оваа област, бидејќи како што рекол водат кон опасност на теренот.
Во неколку поплави претходно, прогнозите за подрачјето на Карловац не биле добри, рекол Јелиќ, и никој не се сомнева дека работата на експертите за хидрологија, Државниот завод за хидрометеорологија и Хрватски води, е важен за изработка на елаборати и студии за потребите за владеење со води, зачувување на водените ресурси и за размена на хидролошки податоци со светот. Но, сепак водостоите на Купа и Корана ги надминаа сите досегашни прогнози на Државниот центар за одбрана од поплави.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град