Без помпезност претставен Galaxy S5 Plus

Samsung го претстави најбрзиот мобилен телефон

 |  инфодеск  | 

Иако визуелно е идентичен со претходниот модел, Galaxy S5 Plus, со оглед на хардверското засилување, може официјално да го понесе статусот “најбрз Android смартфон на светот”.

Јужнокорејскиот Samsung тивко го претстави новиот и надограден паметен телефон  , Galaxy S5 Plus (G901F), пишува Forbes.

Најголемиот новитет е во тоа што новиот модел доаѓа со Snapdragon 805 чипсет, најбрз и најефективен Qualcomm процесор досега. Да потсетиме, оригиналниот Galaxy 5 користи Snapdragon 801.

Меѓутоа титулата за најбрз смартфон, наскоро може да му биде одземена од моделот на Motorola, Droid Turbo, кој наводно исто така користи Snapdragon 805, а кој ќе се појави наскоро.

Најавата за моделот , Galaxy S5 Plus осамна на холандската web страница од Samsung, каде можат да се видат и подетални спецификации за овој модел.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top