Европскиот потрошувачки центар го истражувал феноменот на брзо расипување на техниката и дошол до заклучок дека рокот на траење на техничките уреди е сѐ пократок затоа што производителите намерно прават лоши производи или се програмирани да се расипуваат побрзо.
Така денес машината за перење се расипува по 2.500 перења, мобилниоит телефон за две години, а телевизорот престанува да работи по 20.000 работни часови.
Во извештајот на овој центар се наведува дека механичките производи ги местат да работат онолку часови колку што трае гарантниот рок, а во електронските уреди често уфрлуваат софтверска грешка, или во производите намерно вметнуваат делови со полош квалитет.
“Тоа значи дека производот е направен така што кога ќе престане да работи само еден негов дел, да откаже цел производ”, се вели во извештајот.
Но, тоа не е сѐ. Деловите за расипаниот уред тешко се наоѓаат, бидејќи најчесто не се призведуваат повеќе, или се прескапи, па поправката не се исплати и потрошувачот е принуден да купи нов произод.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град