И во политиката има изненадувања

Шест недели од основањето на партијата а победи на избори

 |  инфодеск  | 

Многу политичари од регионот можат да му позавидат на Словенецот,  51 годишниот Миро Церар, кој на последните парламентарни избори ја измети конкуренцијата, а партијата ја основал само пред шест недели.

Универзитетскиот професор и правник, е апсолутен победник на парламентарните избори и ќе го има последниот збор во составувањето на словенечката влада.

Церар е апсолутна ѕвезда на словенечката политика. Во рекорден рок ги освои бирачите – последен пат тоа му појде од рака на ветеранот Дрновшек пред 14 години.

“И јас сум изненаден, се чини дека сонувам. Но, свесен сум дека се случи нешто важно”, рекол новиот словенечки мандатар.

Професор е на Правниот факултет во Љубљана. Роден е во угледна фамилија. Син е на истакнатиот олимписки гимнастичар Мирослав Церар и гимнастичарката Зденка Церар, која помеѓу другото беше и  државен обвинител и министер за правда.

“Кога се одлучив да се занимавам со политика, мајка ми беше со поделени чувства. Од една страна ми рече дека ме разбира, дека верува дека можам нешто да направам, а од друга страна ме предупреди дека политиката е многу напорна”, вели Церар.

Миро Церар најавува прекин на поделбите и излез од кризата. Ветил дека ќе создаде успешна и нормална Словенија, а бирачите, според првите критики, очигледно му веруваат.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top