Полицијата не му може ништо

Чувал позлатени пиштоли и милиони долари

 |  инфодеск  | 

Ужива во сите аспекти на животот заработува огромни суми на пари, Кинескиот бизнисмен Женли Је Гон (51) кој има и мексиканско државјанство и поседува фармацевтски компании во кои се произведува состојки за метамфетамин, а додатен профит отстварува со криумчарење на дрога од Азија во Мексико во соработка со Синалоа картелот. Апсен е неколку пати, но сите обвиненија се повлечени.

Женли е роден во Шангај а 2002 година станал жител и на Мексико. На почеток неговиот имиџ бил угледен бизнисмен без кривично досие, меѓутоа брзо се покажало дека неговите бизниси се покажале сомнителни.

Кон крајот на 2005 неговите компании увезле близу 300 сандаци ефедрин, психоактивни супстанци и американските власти поднеле кривични обвиненија против него, но по две години се повлечени поради недостиг на докази.

Кон средината на минатата деценија Женли бил под истрага за перење на пари. За три години подигнал повеќе од 125 милиони долари од мексиканските банки и ги потрошил по казината низ Лас Вегас, а раководителот на „Las Vegas Sands” не ги пријавил овие трансакции. Поради оваа грешка „Sands” на американското обвинителство морал да му плати 47,4 милиони долари. Идејата за перење на пари потекнува од љубовницата на Женли, Мишел Вонг.

Женли е уапсен 2007 во ресторан во Мериленд додека ручал со сопругата.

Полицијата упаднала во неговиот дом во Мексико Сити и запленила најголема сума на пари во историјата, добиена со трговија на дрога. Станува збор за 207 милиони долари.

Таа сума би била доволна за плаќање на здравствено осигурување за трочлена фамилија во САД за 12 години.

Женли покасно изјавил дека парите не се негови, туку му припаѓаат на мексиканскиот министер за труд кој му „претел дека ќе го убие ако не ги сокрие парите во својот дом“.

Оваа верзија Кинезот ја раскажал на судот и за чудо сите обвиненија се повлечени поради недостиг на докази.

Во домот на Женли покрај парите се пронајдени осум лавови и еден тигар, позлатен пиштол, сандак полн со автоматски пушки, неколку ретки уметнички дела, седум возила и лабораторија за производство на наркотици. Најголем дел од запленетите работи се продадени на аукција.

Двајца федерални агенти кои учествувале во упадот во домот на Женли се пронајдени убиени на југот од Мексико. Ни во овој случај Кинезот не е обвинет бидејќи полицијата не успеала да најде поврзаност со убиствата.

Нарко босот моментално се наоѓа во Америка, а властите на Мексико издале потерница поради организиран криминал и трговија со дрога. Неговиот адвокат Мартин Мекмахон вели дека ќе се употребат сите начини тој да се задржи вон мексиканските граници.

– Тоа се тотални глупости, Никогаш немал врска со дрога ниту имал дрога кај себе кога е уапсен. Во Мексико никогаш не би имал фер судење – рекол Мекмахон.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top