Американската полиција и FBI сметаат дека со новите безбедносни опции со кој се штити приватноста на iPhone, овој телефон би можел да стане идеален за педофили и терористи.
Извршниот директор на Apple, Tim Cook, на 18 септември, на интернет страницата на оваа компанија објавил писмо со кое ги известува своите корисници дека во интерес на нивната безбедност и приватност направиле еден чекор напред. Чекорот се однесува на тоа што Apple нема да има повеќе можност да пристапи на податоците на телефоните на своите корисници, дури ни во случај кога имаат судски налог со кој полицијата бара од нив такво нешто.
Оваа вест ги развесели бројни корисници, но ги разлути американската полиција и FBI, така што директорот на FBI, James Comey неодамна коментирал дека на овој начин Apple рекламира опција која на корисниците им овозможува да бидат над законите. Тој изразил загриженост со настојувањата на Apple (но и на Google кој припрема нешто слично) дека на овој начин се загрозуваат полициските истраги.
Истражителите и полицијата би требало да имаат пристап до податоците на уредите кои ги користат терористи и криминалци бидејќи од тоа зависат човечки животи. Шефот на полицијата во Чикаго, John Escalante, говорејќи за безбедноста на телефоните на Apple рекол дека сега уредите на Apple ќе бидат идеални за педофилите и дека сега тие размислуваат за купување на iPhone.
Но, во изјава за BBC, експерт за форензика, Jonathan Zdziarski, потсетува дека најавените подобрени безбедносни мерки од Apple и нивна енкрипција, не би требало да ја спречи полицијата да дојде до содржината на податоците од iPhone и дека би било лошо ако оперативните системи кои ги користат мобилните уреди имаат слаба заштита само за да ѝ помогнат на полицијата.
Единствено логично решение, додал Zdziarski, е развивање на систем кој ќе биде максимално безбеден во случај на проблем и тие проблеми да се препуштат на способни детективи со напорна работа да го решат случајот, а не да им се овозможи да дојдат до сите, потребни и непотребни, податоци со притискање на едно копче.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град