Покренат е “сајбер џихад”против Франција

“Напад каков што немаме доживеано досега” – хакирани околу 19.000 интернет страници во Франција

 |  инфодеск  | 

По стравичниот напад на Charlie Hebdo, се огласи хакерската група Анонимуси кои прогласија војна со терористите и најавија напади на интернет страниците на кои се шири џихадистичка пропаганда и се регрутираат нови терористи. Но, во сајбер војната се вклучиле и исламските хакерски групи па од нападот во Париз до денес нападнати и срушени се околу 19.000 интернет страници во Франција.

“Ова е напад каков што никогаш претходно не сме доживеале”, коментирал за USA Today офицер на сајбер дивизијата во француската војска Arnaud Coustilliere и додал дека ова е прв пат некоја земја да е соочена со толкав голем бран на напади.

Со оглед дека бројката од околу 19.000 нападнати страници, бројни медиуми говорат дека овде станува збор за сајбер џихад каде бројни страници биле непристапни или хакерите нивните насловни страници ги замениле со знамиња од Исламската држава и разни пораки како : смрт за Франција, смрт за Charlie, слобода за Палестина и слично. Хакерите не ги бирале своите цели па така нападнати се интернет страници на медиуми, банки но и една страница на градинарска компанија, додека на почетните страници на помали интернет страници од околината на Париз се наоѓаат знамињата на Исламската држава.

Експертот по безбедност Dan Holden од Arbor Networks вели дека ова не е ништо невообичаено за геополитичките состојби и дека денес е нормално на сајбер просторот да се рефлектира вистинската состојба од реалниот свет. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top