Pokemon Go влегува и во политиката

Невообичаен предлог на партија како да се зголеми излезноста на младите на избори

 |  инфодеск  | 

Ако се за верување анкетите, а во случајот на Исланд се покажале точни, Пиратската партија на следните ибори ќе формира влада.

Многумина од аналитичарите се сложуваат дека партијата која се залага, помеѓу другото, за легализација на дрогата и давање азил на Едвард Сноуден кој го откри шпијунирањето на американските граѓани, ќе освои помеѓу 18 и 20 места во парламентот на изборите во октомври. Спрема анкетите, тие се прва партија во државата со повеќе од 28% поддршка од граѓаните, а потоа следи конзервативната партија за независнот.

Невообичаен предлог на партијата како да се зголеми излезноста на младите на избори.

Заговарачите на директна демократија, совет за владина транспарентност, нов устав, но и креативно користење на нови технологии за ревитализација на демократијата веќе изнеле предлог како да се зголеми излезноста на изборите на младите. Во општата лудница по играта Pokemon Go исландските пирати предлагаат избирачките места да се претворат во PokeStop – места на кои играчите се снабдуваат со топки, јајца и други алатки потребни за играње на играта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top