Што покажува должината на прстите за вас

Дали вашиот домал прст е подолг од показалецот?

 |  инфодеск  | 

Дали вашиот домал прст е подолг од показалецот? Ако е. Голема е веројатноста дека имате висок коефициент на интелегенција, ниско ниво на ризик за срцев удар, поголеми шанси на финансиски план, атлетски способности, па дури и подолг пенис.

Освен ова, имате и помал ризик од добивање на рак на простата.

Научниците тоа го нарекуваат „однос на прстите“. Новата студија спроведена на универзитетот во Флорида дефинитивно потврдила дека колку ви е подолг домалиот прст од показалецот толку повеќе сте биле изложени на тестостерон уште во мајчината утроба.

– Постојат многу докази поврзани со односот на прстите и сексуалните разлики, соопштува коавторот на студијата, Мартин Кон и додава дека станало кристално јасно дека некои особини и болести на возрасните можат да бидат вкоренети во пореметувања на хормоните настанати во мајчината утроба.

Ако може да му се верува на Џон Т. Манинг, кој ја воочил врската помеѓу должината на прстите и пренеталните нивои на хормони, односот на прстите најчесто предвидува талент за атлетика.

Но, ни тоа не мора ништо да значи. „ Совршено нормални мажи со совршено нормално ниво на тестостерон имаат долги показалци“, заклучува Мартин Кон.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top