Напредокот на технологијата и интернетот ги менуваат нашите животни навики, начинот на кој комуницираме, работиме, патуваме, а на примерот на “паметни дуќани” кои Ebay и Rebecca Minkoff ги отворија во Њујорк и Сан Франциско, можеме да видиме како ќе се промени и начинот на купување производи. Наместо луѓето да пребаруваат облека која ги интересира, па ја носат во соблекувалната за да ја пробаат, односно сами да се обидуваат да смислат како да искомбинираат облека, тоа за нив ќе ги прави компјутер.
Во овие дуќани доминираат големи огледала со екрани чувствителни на допир и на посетителите можат директно на нив да ја видат понудата во дуќаните и со еден допир да ги нарачаат тие производи да им бидат однесени во просторот за пресоблекување. Додека ја чекаат облеката имаат можност да нарачаат пијалок, а кога облеката ќе биде таму добиваат порака на телефонот. Во кабините повторно има такви огледала која на корисниците им овозможуваат како некоја комбинација ќе изгледа на потемна атмосфера, а ако некое парче сакаат да го сменат поради големината или бојата, истото го прават со еден допир на огледалото и тоа парче ќе им биде донесено во кабината.
На основа на комбинациите кои ги правите во кабината, на огледалото ќе се појават и предлози за друга облека, односно чанта или друг моден додаток кој може да се комбинира со тоа што го испробувате. Исто така, во овие дуќани, корисниците ќе имаат свои профили на кои ќе биде запишано што сте пробале и која облека ви се допаѓа,но не сте ја купиле, а подоцна истата едноставно можете да ја нарачате преку интернет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град