Американскиот милијардер Kirk Kerkorian, кралот на Лас Вегас, некогашен холивудски магнат, почина во 98 година од својот живот, објави портпаролот на компанијата Metro-Goldwin-Mayer (MGM).
Тој е роден во Калифорнија во 1917 година во семејство на американски имигранти, го напушил образованието и работел како доставувач на весници, чувар во куглана и аматерски боксер. За време на втората светска војна се придружува на Канадското воздухопловство, а потоа ја основа компанијата за приватни авиони кои ги поврзуваше Лос Анѓелес и Лас Вегас, а продажбата во 1968 година му овозможува заработка од 85 милиони долари. Во меѓувреме купува 30 хектари во Лас Вегас каде гради три џиновски хотели-казина и откупува низа на други меѓу кои Mirage2000, а во нејзин состав се MGM Grand и славниот Bellagio.
Во 2005 година го шири своето царство на коцкањето откупувајќи ги за 8 милијарди долари групациите на угледниот хотел-казино Mandalay Resort.
Kerkorian имал уште две страсти, а тоа се филмот и автомобилите. Во 1969 година ги купува студијата MGM и ги припојува со студијата на United Artists.
Во деведесетите станува главен акционер на Chrysler од кој се повлече по спојувањето со Daimler Benz во 1998 година, но и од тоа спојување извлекол голема финансиска корист.
Во март годинава неговото богатство спрема списанието Forbes изнесуваше 4 милијарди долари.
Kirk Kerkorian беше познат по дискретен начин на живеење, избегнуваше интервјуа поради што го споредуваа со холивудската легенда Howard Hughes.
Зад себе имал повеќе бракови, но веста за смртта меѓу кои ги остава зад себе се споменуваат само три ќерки и три внуци.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град