Почина човекот кој го изведе најкрвавиот државен удар

Беше прв пучист на кој му се судеше за злосторство против државата

 |  инфодеск  | 

Поранешниот претседател на Турција, Кенан Еврен, кој дојде на власт со државен удар во 1980 година и владееше повеќе од 9 години со цврста рака, почина во болницата во Анкара во 97 година од животот, јави новинската агенција Анадолија.

Првиот пучист на кој му се судеше за злосторство против државата и кој во 2014 година е осуден на доживотн затвор, се лечеше во воената болница GATA од 2012 година. Неговата здравствена состојба неодамна се влошила и дишел со помош на апарати.

Државниот удар кој го изведе беше најкрвав досега – стотици илјади луѓе беа уапсени, околу 250.000 обвинети, 50 притвореници беа погубени, десетици им подлегнаа на повредите во затворите, а десетици илјади турци беа избркани од Турција.

На активистите за човекови права во тоа време, кои го осудија бесењето на 17 годишниот активист кој беше прогласен за виновен за убиство на војник, им одговори: “Ако не ги обесите оние кои заслужиле, ова ќе се прошири како вирус”.

Еврен го изгуби имунитетот по уставните реформи во 2010 година а потоа беше обвинет и осуден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top