Почина актерот Бата Живојиновиќ

Во светот беше познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац

 |  инфодеск  | 

Синоќа во 22.45 во болницата Свети Сава во Белград, почина актерската легенда Велимир Бата Живојиновиќ каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му беше влошена здравствената состојба.
Живојиновиќ во текот на 60-годишната кариера има одиграно најмногу улоги во целиот регион, а во светот е познат по улогата во филмот „Валтер го брани Сараево“ на Хајрудин Крвавац, што беше мегапопуларен во Кина, каде дури имаше и пиво со неговиот лик на етикетата.
На филм дебитираше во 1955 со улогата во „Песна од Кумбара“ на Радош Новаковиќ, а првата поголема улога ја има во „Воз без возен ред“ на Вељко Булајиќ во 1957. Има играно во над 340 филмови и ТВ серии, а ќе остане запаметен по улогите во „Битката на Неретва“ и „Козара“ на Булајиќ, „Бреза“ на Анте Бабаја, „Во челуста на животот“ на Рајко Грлиќ и по антологиските филмови „Маестро и Маргарита“, „Собрирачи на пердуви“ и „Три“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top