Барел американска лесна нафта (WTI), за испорака во мај, поефтинил на берзата во Њујорк за 25 центи и изнесува 101,42 долари по барел, додека истата количина на северноамериканска нафта од типот брент, за мајската испорака на пазарот во Лондон, чини 107,91 долар, односно 16 центи помалку од минатата недела, пренесува агенцијата Frans Press.
Цената на WTI минатата недела порасна затоа што податоците укажале на силен раст на личната потрошувачка во САД, додека нарачките на трајна стока во САД, клучен показател за состојбата во економијата, се зголемија во февруари за 2,2% во однос на јануари.
Инвеститорите, исто така, се фокусирани на развојот на ситуацијата во Европа, каде водечките американски и руски официјални лица преговараат за наоѓање на решение за Украина. Доцна вчера вечер двете страни не успеале да најдат решение за Украина но сепак се договориле за продолжување на преговорите, изјавувајќи дека претходната рунда на преговори била конструктивна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град