Спрема излезните анкети Сириза освоила помеѓу 35,9 и 39,5% од гласовите. Владеачката Нова демократија добила помеѓу 23 и 27%. Предноста од 12% би можела на Сириза да ѝ овозможи самостално формирање на влада.
Спрема сите параметри победник на грчките избори и нов премиер е Алексис Ципрас, лидерот на Сириза. “Грчкиот народ ќе го врати социјалното единство и достоинство. Нашата заедничка иднина во Европа не е штедење туку демократија, солидарност и соработка”, порача Ципрас.
Скоро 10 милиони Грци со право на глас одлучуваа за формирање на новиот грчки парламент. Мнозинството бараше промени и подобар живот. Грците се изморени од мерките на штедење и кризата која трае веќе седум години.
Стопанството од 2008 година наваму се намали скоро за една четвртина, а националниот долг драстично се зголеми на дури 320 милијарди евра. Спрема официјални податоци просечната плата во 2013 година била околу 1.000 евра, а во меѓувреме е намалена уште повеќе. Стапката на невработеност е најголема во Европската унија и се движи околу 25%. Меѓу младите е уште полошо, не работи секој втор.
Актуелниот премиер ги предупредуваше бирачите дека ветувањата на Сириза значат банкрот поради кој во земјата би можел да настане хаос. Продолжувањето на патот на реформи и стабилност го нудеше како единствено решение. Тој се надеваше дека ќе му помогнат податоците кои покажаа дека во третиот квартал од минатата година, по шест години, грчкото стопанство конечно почнало да оди нагоре.
За формирање на влада, на Ципрас, можеби ќе му треба поддршка од помалите партии, а може да биде присилена да формира малцинска влада што ќе направи нова ера на политичка нестабилност во Грција, но и кај европските партнери и финансиски пазари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град