Нутриционисот Др. Kahryn O’Sullivan верува дека другите пијалоци би требало да се заменат со пиво, и тоа го смета за паметна исхрана. Тврди дека 100 милилитри на пиво има помалку калории од виното, жестоките пијалоци, па дури и од сокот од портокал.
“Пивскиот стомак” е мит бидејќи не постојат докази кои укажуваат на тоа дека пивото предизвикува дебелеење, – вели Др. O’Sullivan.
Секако дека ќе се здебелите ако конзумирате огромни количини, но тоа важи и за било кој друг пијалок. Иако Др. O’Sullivan не ги оспорува доказите дека прекумерното конзумирање на алкохол предизвикува зголемена смртност, таа тврди дека умерената конзумација има многу здравствни предности.
Луѓето во Велика Британија се на некаква диета во просек околу 14 години од својот живот, а најчесто поради незнаење и предрасуди за калоричноста на пијалоците. Повеќе од половина од возрасните лица не знаат колку калории има пивото. Др. O’Sullivan заклучува дека ако две чаши вино дневно ги замениме со две шишиња пиво, годишно во организмот внесуваме 58.240 калории помалку. Освен тоа, пивото содржи многу важни витамини и минерали кои можат да не заштитат од болести на срцето, остеопороза и дијабетис.
Професорот Arne Astrup, шеф на одделот за нутриционизам на Универзитетот во Копенхаген во Данска, исто така изјавил дека нема конкретни научни докази кој ја потпираат тезата за пивскиот стомак.
Заклучок на сето ова е дека од мали количини на пиво нема да се здебелите, но нагласуваме како и за се друго – важна е количината.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град