Пилотите на Lufthansa повторно во штрајк

Тринаесетти штрајк по ред во година и половина

 |  инфодеск  | 

Германскиот синдикат на пилоти кој е во отворен конфликт со управата на Lufthansa веќе една година, најави штрајк за 8-ми септември кој ќе ги погоди прекуокеанските летови од Германија и теретниот сообраќај.

Штрајкот, тринаесетти по ред во последните година и половина, ќе започне во 6.00 по GMT, а ќе заврши во 22.00 часот.

Синдикатот на Cockpit и Lufthansa се во конфликт помеѓу другото и поради условите за одење во пензија на пилотите.

Во соопштението на синдикатот се нагласува дека се согласил на важни отстапки, но дека не нашол разбирање кај управата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top