Утрото после новогодишната прослава е синоним за мамурлак, кој на сите начини се обидуваме да го решиме. Најефикасни во тоа се малите пријатели од кујната во комбинација со вода.
-Незаменлива и најздрава при борбата со дехидрираното тело, а со тоа и со мамурлакот, е водата. Сувото чувство во телото ќе се намали доколку пиете вода за време на прославувањето, а посебно следниот ден и тоа по ½ литар на секој час.
-Утрото започнете го со лековит микс на вода и лимон, во ½ литар млака вода додајте свежо исцеден лимон, промешајте го и испијте го.
-За окрепувачки пијалок по оброкот измешајте ½ литар вода со 2 dl јаболков сок, чист без примеси на шеќер и ½ лажица јаболкова киселина. Идеално би било доколку сте во состојба да сварите две јаболка и две дуњи. Таа вода е богата со хром, минерал кој поседува делување на инсулин во телото и ги поттикнуваат станиците на примање гликоза.
-Обидете се да избегнувате масна и слатка храна и наместо тоа посегнете по овошје и зеленчук. Во текот на денот изедете најмалку две чинии супа од домати или пилешка во која додавате кромид, лук и црвена пиперка. Овој зеленчук, како и пилешкото месо, содржат аминокиселина цистеин, која помага во обновувањето на црниот дроб.
-Познато е дека енергетските пијалоци содржат шеќер и адитиви, но иако се чини дека тие ја враќаат енергијата сепак тие долгорочно му ја крадат на телото, што за време на мамурлакот никако не посакуваме тоа да се случи. Замена за таков енергетски пијалок постои и тоа домашен.
Состојки за домашен енергетски пијалок против мамурлак:
-2dl вода, 2dl свежо цеден сок од портокал, ¼ лажичка сол и ½ лажица свежо изрендан ѓумбир.
Припрема: Промешајте ја водата и сокот од портокал и додајте ја солта. Мешајте додека се стопи и додајте го ѓумбирот. Енергетската бомба испијте ја кога ќе почуствувате пад на енергијата во телото.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град