Пет психолошки трикови на рестораните за брза храна

Не е случајност големата побарувачка по хамбургер или шејк

 |  инфодеск  | 

Дали понекогаш одеднаш чувствувате потреба за хамбургер или овошен шејк? Можеби тоа не е случајност. Иако сублималните пораки воглавно спаѓаат во доменот на фикција, рестораните за брза храна имаат свои суптилни трикови со кои привлекуваат муштерии и ги поттикнуваат на поголем трошок. Еве неколку од листата кој ја припремил Business Insider.

Користење на топли бои

Претпоставката дека топлите бои поттикнуваат апетит можеби е точна. Ако ги набљудувате ланците за брза храна ќе забележите дека нивното уредување, но и амбалажата на производите воглавно се во црвена, портокалова и жолта боја. Доволно е тука да се наведе McDonalds.

Ефектот на добар мирис

Голем дел на нашето чувство за вкус е зависно од мирисот, па затоа не изненадува големиот акцент на аромата во рестораните за брза храна. Пријатен и привлечен мирис е едно од главните оружја на рестораните за брза храна и голем број на муштерии тешко ќе одолеат.

Привлечни фотографии

Сликата говори повеќе од зборовите, затоа не изненадуваат фотографиите на храна и пијалоци кои ги гледаме по рестораните. Секако, хамбургерот со кој ќе бидете услужени не изгледа како на сликата, но кога ќе седнете тоа веќе не е важно бидејќи веќе сте го платиле.

Посебни понуди

Хамбургер, компири и сок, заедно можеби чинат поефтино отколку да ги купите одвоено, но тоа сепак значи повеќе пари за ресторанот отколку да купите еден од нив. Вие мислите дека добро сте поминале, додека ресторанот во склоп со посебната понуда продава повеќе.

Примамливи имиња и описи

Скоро целата храна и пијалоци во рестораните за брза храна доаѓаат со примамливи имиња и описи кои воглавно содржат придавки како ароматично или богато. Сигурно тоа делува кај муштериите бидејќи воопшто не би ги употребувале.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top