Пет совети за заштеда на гориво во зимски услови

Пониските температури не се единствена причина за зголемена потрошувачка на гориво

 |  инфодеск  | 

Со доаѓање на зимата и сè пониските температури , по правило, вашиот автомобил ќе почне да троши повеќе гориво во однос на летните месеци. Но, температурата на воздухот не е единствена причина поради која автомобилот троши повеќе гориво од вообичаеното.

За да се сведе автомобилот на минимална потрошувачка во зимски услови корисно е да се придржуваме на следните совети:

Проверка на капакот од резервоарот – Поради неисправен капак на резервоарот или лошо затворен би можела одредена количина на гориво да испари.

Паркирање во гаража – Гаражата го штити автомобилот од временски неприлики, но и од ниски температури.

Користење на квалитетно масло – Квалитетното масло на оптимален начин ги подмачкува сите механички делови на моторот што на крај значи оптимална потрошувачка на гориво.

Балансирање на гуми – Небалансирани гуми побрзо се трошат и пружаат поголем отпор па моторот работи поснажно. На тој начин се зголемува и потрошувачката на гориво дури за 15%.

Редовно одржување на моторот – Автомобил кој не поминал на редовно одржување и на пример има неисправни свеќички може да троши до 30% повеќе гориво од вообичаеното.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top