Пет најголеми потрошувачи на батеријата на телефонот

Потребно е да се отстранат апликациите кои не се користат

 |  инфодеск  | 

Паметните телефони многу брзо можат да станат преоптеретени со бројни непотребни апликации кои, не само што завземаат простор туку, влијаат и на перфомансите на телефонот, како и на батеријата, пишува Androidpit.

Ако е дојдено време за чистење на телефонот ова се пет апликации кои најмногу ја трошат батеријата, но потребно е да се отстранат и апликациите кои не се користат.

Facebook – Оваа апликација е убедливо на прво место, а не ја исполнува функцијата. Имено, наместо апликација Facebook, доволно е да се користи bookmark кој ќе се наоѓа на екранот од вашиот телефон и ќе го отвори вашиот профил во склоп на интернет пребарувачот.

Било која апликација за временска прогноза – Овие апликации се на врвот кога станува збор за трошење на батеријата затоа што константно ажурираат податоци. Наместо widget за приказ на временската прогноза подобро е да се користи гласовната “Ok, Google” опција.

Clean Master или било која друга за чистење непотребни датотеки – Апликациите од овој тип воглавно ги бришат непотребните датотеки и така го подобруваат перфомансите на телефонот, но не се доволно ефикасни за да им овозможат целосна апликација. Имено, тоа може да се реши на едноставен начин со бришење на сочуваниот кеш – Setting>Storage>клик на Cahed data:>Ok. Оваа апликација троши многу од батеријата и поради рекламите.

AntiVirus Security или било која друга слична апликација – Ако апликацијата се превземе од безбедни адреси како што е Google Play Store, телефонот е безбеден од вируси а со тоа и антивирус апликацијата е бесмислена. Попрво ќе ви го украдат телефонот отколку што ќе го нападнат внатре, наведува порталот, додавајќи дека Google е поприлично спремен кога е во прашање борбата против вирусите во нивната виртуелна продавница.

Интернет пребарувачот Google Chrome – И оваа апликација припаѓа на оние кои ја трошат батеријата и можно е да ја замнените со подобра и побезбедна.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top